Inter-Juventus; Derby d'Italia

Go down

Inter-Juventus; Derby d'Italia Empty Inter-Juventus; Derby d'Italia

Post  Salomon on Mon Jul 08, 2013 4:21 am

Very Happy 
Salomon
Salomon
Admin

Number of posts : 8828
Age : 48
Registration date : 01/09/2008

http://salomon.formyjob.net

Back to top Go down

Inter-Juventus; Derby d'Italia Empty Re: Inter-Juventus; Derby d'Italia

Post  Salomon on Thu Jul 11, 2013 1:10 am

Дерби на Италија - зашто тоа ривалство?


Зашто “Дерби на Италија“? Сигурно се прашувате како сето тоа започнало. Од каде е цела омраза помеѓу клубовите, како и навивачките групи? Има повеќе причини, а сега, ќе ги дознаете главните, и како дошло до името, “Дерби на Италија“.

Интер, како што знаеме, е создаден од група амбициозни луѓе, кои сакале да играат фудбал, да играат фудбал без разлика на нивната националност. До тогаш, до 9ти Март, 1908 година, во Италија се знаеше само за италијански фудбалери. Тој момент бил мал пресврт во фудбалот во целиот свет, се создал тим наречен Интернационале, составен од Интернационалци, главно Швајцарци и Италијанци. “Браќа од цел свет“, како што е напишано во статутот на институцијата. Избрана беше црно-сината боја, бојата на небото на тој прекрасен ден, во денот, и ноќта.

Јувентус од друга страна е создаден од група тинејџери, не постари од 17 години. Боите кои ги избрале биле розева и црна, и бил тим составен само од Италијанци, италијанци и деца. Тотална спротивност, нели?

Е сега, зашто Дерби на Италија?

Просто. Од секогаш дербито на овие два клуба било најголемо во Италија. Името го дал Џовани Брера, спортски новинар, во 1967 година. Од тогаш и официјално се води како такво, но и неколку години пред тоа, “Дерби на Италија“ било спомнувано...

Првиот пат, кога Јувентус бил поврзан со контраверзии, е 1960та година. Јувентус стана шампион и ја освои својата 12та титула, додека Интер сезоната ја заврши на третото место, со 5 бода позади Јуве. Зашто контраверзно?
Неколку кола пред крајот на сезоната, Интер бил лидер на табелата. Требало да се игра дербито кое ќе го реши победникот, а тоа е Јувентус - Интер. Но, навивачите на Јувентус биле преагресивни, го демолирале стадионот и се судриле со тогашните власти, па натпреварот бил суспендиран. По правилата кои биле тогаш актуелни, Интер требало да го добие натпреварот со службен резултат од 3-0, и да направи предност на табелата...
Сепак, тоа не се случило. Како? Па член на семејството Ањели бил претседател и на Фудбалската Федерација. Тој нашол “дупка во законот“, и наместо да ги додели трите бода на Интер, тој го презакажал натпреварот за крајот на сезоната. Нормално, Интер не биле среќни и се бунеле, имало и протести, но безуспешни. Интер паднал психички, и како што се вели во натписите и документите од тој период “Интер сакаше да се откаже од фудбалот, но премногу го сакаше да го направи тоа“. Интер изгубиле неколку важни бодови, и последното коло, веќе неважно, во знак на протест излегол со млади играчи кои биле не повеќе од 18 години. Натпреварот го загубил со 9-1, и тој натпревар ќе остане запамтен како најголем пораз на Интер од страна на Јувентус.

Тој момент, за прв пат било спомнато името “Дерби на Италија“. Како што се велело, дерби на доброто и злото, дерби креирано од сите тие контроверзии што Јувентус ги направил, многу одамна, кои и понатака ќе бидат запаметени како еден од најконтраверзните фудбалски клубови во свет.

Како што напоменав погоре, прв пат и официјално ова име, го употребил Џиани Брера, во 1967 година. Тоа се должело на неколку факти.
Географската распределба на двата тима. Дерби на Северот, како што дотогаш било нарекувано. Милано и Торино.
Историјата и менталитетот на двата клуба. Јувентус бил составен стриктно од Италијанци, додека Интер, како што е кажано погоре, од Интернационалци.
Успехот на двата клуба. До тогаш, Интер бил најсупешен Италијански тим во Европа, додека Јувентус најуспешен тим во домашните натпреварувања.
Фактот што и двата клуба никогаш не играле во Серија Б. Тоа се смени во 2006та година после Калчополи, и Интер остана единствениот клуб кој никогаш не играл во Серија Б!
Оние сите контраверзии, посебно после 1960тата година поврзани со Јувентус. Интер, и тогаш бил еден од тимовите кои можеле да му се спротивстават на Јувентус и фамилијата Ањели.
Сето ова, довело да ова дерби биде едно од најголемите и најстраствени во светот на фудбалот.

Освен на теренот, секако, ова дерби е и надвор од него. Константно се напаѓаат двата клуба, како и навивачите. Многумина велат дека Интер и Милан е дерби, но ни приближно како ова. Како за играчите, така и за навивачите. Curva Nord (навивачката група на Интер) и Curva Sud (Ннавивачката група на Милан) се во пријателски односи, освен оние вообичаени банери на сметка на двата тима кои се во рамки на нормалата.
Но, не е така со навивачите на Јувентус. Сите навивачки групи во Италија имале расистички испади, како невкусни “шеги“ кои можат да предизвикаат револт кај противниците. (Во наш случај, “носталгија за Хејзел“ банерот).
Но ниту еден тим, како навивачите на Јувентус. Нема сезона, Јувентус да не е казнет за расистички испади. Нема сезона, Јувентус, односни неговите навивачи, да не се обвинети за правење неред на, и вон стадионите. Годинава, го каменуваа автобусот со играчите на Интер кои заминуваа кон Милано, но за среќа, немаше повредени. Истураа урина врз навивачите на Интер, и тоа во нашиот дом, на Џузепе Меаца. И многу други буквално, гнасни акции. Но ништо, ништо нема да го победи непочитувањето на оние кои веќе не се во светот на живите.

Да, ќе разбереме, Интер е лут ривал, па да не се почитува минутниот молк во име на Факети, кој не е само легенда на Интер, туку и на италијанскиот фудбал. Но, и во последната средба на Интер и Јувентус, се случи истото, и тоа за загинат сонародник во Авганистан. Пред да започне натреварот во секој град низ Италија имаше минута молк, секаде навивачите молчеа со солзи во очите за загинатиот сонародник. Но не и навивачите на Јувентус. Додека беше тој период, таа ЕДНА минута, тие пееја песни со навредливи содржини. Која е таа почит спрема мртвите? Никаква почит спрема живите и мртвите... И Јувентус беше казнет со 25000 евра, сума која е смешна за тоа што го направија...

На крајот, кога ќе размислам, испраќањето во Серија Б е премалку за она што се правело во историјата... Штета што тогаш немало доволно силна власт и докази против нив...

На крај, само неколку цитати од познати луѓе во фудбалот, во Италија, и надвор од неа...

Масимилијано Алегри: “Не можам да разберам како Јувентус има лице да се буни за сите судиски одлуки, кога историски е познато каков тим се.“
Адриано Галиани: “Дербињата со Интер секогаш биле фер и фудбалски, но оние со Јувентус, секогаш ќе бидат исполнети со контраверзност. Тие се мафија“.
Франц Бекембауер: “Баерн Минхен никогаш не треба да има никакви односи со Јувентус. Тие не почитуваат никакви правила, пишани и непишани. “
Карл-Хајнц Румениге: “Јувентус не се џентлмени. Тие се крадци!“
Salomon
Salomon
Admin

Number of posts : 8828
Age : 48
Registration date : 01/09/2008

http://salomon.formyjob.net

Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum